четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Прв триумф сезонава на актуелниот шампион Квардараро

Прв триумф сезонава на актуелниот шампион Квардараро

ктуелниот светски првак Фабио Квартараро ја оствари првата победа сезонава во Мото ГП шампионатот.

Французинот на доминантен начин уште од стартот па се до крајот ја извозе трката на патеката во Алгарве, каде се возеше португалското Гранд-при.

Место на подиумот обезбедија и неговиотѕ сонародник Јоан Зарко од тимот на „Прамак Дукати“ и возачот на „Априлија“, Алеиш Еспаргаро.

Со овој триумф Квартараро го презеде лидерското место во Генералниот пласман со 69 бода, исто колку што има и Ринс, а три повеќе од Еспаргаро односно осум од Бастианини кој е четврти.

Веќе следниот викенд на програмата е трката број шест, а ќе се вози на патеката во Херез за Големата награда на Шпанија.