Денеска на Европското сениорско првенство во џудо кое се одржува во Софија настапи македонскиот репрезентативец Еди Шерифовски во категоријата до 81 килограм.
Во својата прва победа триумфираше над претставникот од Молдавија, Михаил Латишев. Тоа е прва историска победа за еден Македонец на ваквите големи натпреварувања.
А во второто коло после ВАР одлуката беше дисквалификуван во борбата против Британецот Лахлан Мурхед.
– Прва и историска победа за Македонија на ЕП за сениори. Два доминантни настапи, но судиите решија да ме дисквалификуваат поради „забранет“ потег (нуркање на глава) додека го фрлав вториот противник. Ова е добар знак дека сум на добар и ветувачки пат. Сè ќе си дојде на свое место – објави Шерифовски на Фејсбук.
В недела во бугарскиот главен град својот настап треба да го има и вториот наш натпреварувач, Андреј Чакаровски во категоријата 90 кг.