недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Прва победа за Окон во Формула 1

Прва победа за Окон во Формула 1

Возачот на Алпин, Естебан Окон ја забележа првата победа во кариерата во Формула 1 шампионатот. До првата Гран при победа Французинот дојде на патеката „Хунгароринг“ во Будимпешта.

Успехот на Алпин денес го надополни Фернандо Алонсо со пласманот на 5. место.

Втор заврши Себастијан Фетел од Астон Мартин, додека трет беше актуелниот светски шампион Луис Хамилтон од Мерцедес.

Бодови на трката за Големата награда на Унгарија освоија уште и:

  1. Карлос Саинц (Ферари)
  2. Фернандо Алонсо (Алпин)
  3. Пјер Гасли (Алфа Таури)
  4. Јуки Цунода (Алфа Таури)
  5. Николас Латифи (Вилијамс)
  6. Џорџ Расел (Вилијамс)
  7. Макс Верстапен (Ред Бул)

Во Генералниот пласман повторно лидер е Хамилтон со 192 бода, пред Верстапен со 186 и Ландо Норис од Мекларен со 113. (МИА)