четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Работите дојдоа до самиот крај: „Големиот“ можеби за последен пат го видовме на Вимблдон

Работите дојдоа до самиот крај: „Големиот“ можеби за последен пат го видовме на Вимблдон

Според сето она како најавуваат аналитичарите, доаѓа крајот на кариерата на Роџер Федерер.

Некогашниот тренер на Новак Ѓоковиќ и некогашен освојувач на Вимблдон, Борис Бекер, смета дека „големиот“ нема повеќе да се врати на тенисот, односно дека по оваа сезона, тој ја завршува кариерата.

Федерер беше елиминиран на Вимблдон од полскиот тенисер Хуберт Хуркач и токму тука Бекер смета дека Федерер ќе реши дека е време за пензија.

„Мислам дека Роџер го видовме последен пат на Вимблдон. Тој се опорави од проблемите со коленото, ја искористи земјата и ја достигна формата, ја врати самодовербата. Не мислам дека тој дојде на Вимблдон со размислување дека треба да се пензионира, но мислам дека тој веќе размислува за тоа, по еден таков пораз на Вимблдон. Начинот на кој загуби од Хуркач, мислам дека за него сега ги менува работите“, истакна Германецот.