Британската 18-годишна тениска сензација Ема Радукану е победничка на годинешниот УС Опен, откако ноќеска во финалето со 6:4 и 6:3 ја совјада врсничката од Канада Лејла Фернандез.
Младата Британка, инаку 150-та на ВТА табелата, така стана првата тенисерка кој од квалификации стаса до гран-слем титула и најмладата по Русинката Марија Шарапова која триумфираше со 17 години на Вимблдон во 2004 година.
Исто така, е првата Британка која освоила некој гран-слем, турнир по Вирџинија Вејд на којашто тоа ѝ успеа во Вимблдон во 1977 година.
Радукану до титулата оствари десет победи, од кои три во квалификациите и притоа не загуби ниеден сет.
Ова финале беше посебно и поради тоа што првпат се случи во финалниот дуел да се појават две тенисерки кои не беа носителки.
Нејзината ривалка 18-годишната Фернандез е 73-та тенисерка на светот и до финалето, исто така, имаше импресивен пат на кој меѓу другите елиминираше и три тенисерки од првите десет: Јапонката Наоми Осака – трета на ВТА, Украинката Елина Свитолина која е петта и Белорусинката Арина Сабаленко која е втора на ВТА.
Во мечот кој траеше час и 51 минуа, Фернандез четири пати го загуби својот сервис, по двапати во секој сет, а на Радукани ѝ го одзеде двапати. Ферандез, покрај тоа, направи пет двојни грешки.
Во вториот свет, откако на свој сервис спаси две меч-топки при резултат 5:2, Фернандез ја зајакна играта. Обидувајќи да стаса една топка, Радукани се лизна и се повреди по што зема медицинска пауза за превивање на раната што го запре залерот на Фернандез. Радукану потоа ја искористи својата трета меч-топка за својата прва грен-слем титула.