Портпаролот на актуелниот победник на Австралија опен Рафаел Надал потврди дека следната недела нема да може да игра во Каталонија, а како што сега стојат работите, постои шанса да се врати на почетокот на мај во Мадрид.
Веднаш по главниот град на Шпанија, сезоната на земјени терени се сели во Рим, што е традиционалната проба на тенисеритепред настапот на Ролан Гарос, која оваа сезона ќе се игра од 22 мај до 5 јуни.
Надал се надева дека би можел да игра барем во Мадрид и Рим, за да се подготви за Отвореното првенство на Франција, каде е рекордер со 13 трофеи, но каде актуелен шампион е Новак Ѓоковиќ.