четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Рафаел Надал ќе игра на Ролан Гарос

Рафаел Надал ќе игра на Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал навреме ќе биде подготвен за настап на овогодишното издание на Ролан Гарос, изјави неговиот тренер Тони Надал.

Надал нема настап на АТП турнирите оваа година од поразот во второто коло на Австралија опен од Мекензи Мекдоналд во јануари, кога го повреди колкот.

Неговиот медицински проблем беше дијагностициран како псоаза (повреда на мускулот псоас, еден од најсилните мускули флексори на колкот), за што вообичаено се потребни околу осум недели за закрепнување.

Меѓутоа, неговата рехабилитација течеше поспоро од очекуваното и Надал не настапи на турнирите во Монте Карло, Барселона и Мадрид, со цел да се подготовки за грен – слемот во Париз што стартува на 28 овој месец.