сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Рафаел Надал ќе игра на Роланд Гарос

Рафаел Надал ќе игра на Роланд Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, ќе настапи на претстојниот гренслем турнир на Франција, познат како Ролан Гарос, изјави неговиот вујко Тони Надал.

„Рафа би сакал уште сега да излезе на теренот, останаа уште неколку работи да се направат. Рафа ќе игра во Париз“, рече Тони Надал за радио Марка.

Последен настап на Рафаел Надал беше на првиот годинешен гренслем турнир, Отвореното првенство на Австралија каде загуби во второто коло од Мекензи Мекдоналд.