сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Рафаел Надал нема да игра на Ролан Гарос

Рафаел Надал нема да игра на Ролан Гарос

Шпанскиот весник “Мундо Депортиво” објави дека шпанскиoт тенисер ќе го пропушти турнирот кој започнува на 28 мај.

Надал се повреди од средината на февруари, за да потоа тој ги откажа настапите во Монте Карло, Барселона, Мадрид и Рим. Неодамна беа објавени фотографии од Надал од тренинг со болна гримаса на лицето.

Надал својата одлука ќе ја соопшти утре на прес-конференција. Шпанецот освои рекордни 22 Грен слем титули во кариерата, од кои 14 на Ролан Гарос. Тој лани во финалето го победи Норвежанецот Каспер Руд со 6:3, 6:3, 6:0.