четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Рафаел Надал стана татко: Многумина се изненадија од името кое светскиот тенисер го одбра за бебето

Рафаел Надал стана татко: Многумина се изненадија од името кое светскиот тенисер го одбра за бебето
фото: profimedia

Светскиот тенисер, Шпанецот Рафаел Надал станал татко на здраво машко дете, пишуваат медиумите на таа земја.

Неговата сопруга Чиска Парелјо се породила без проблеми во Мајорка.

Синот на Шпанецот ќе се вика идентично како славниот тенисер, односно двојката се одлучила за името Рафаел Надал Перелјо кое е комбинација од имињата и презимињата на Чиска и Рафа.

Надал и Перелјо се во брак три години и приновата донесе голема радост во шпанската спортска јавност, особено ако се знае дека станува збор за детска љубов која трае повеќе од 20 години.