недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Рафаел Надал започна со тренинзи

Рафаел Надал започна со тренинзи

Рафаел Надал неодамна изјави дека се уште ги чувствува последиците од повредата која ја заработи за време на Отвореното првенство на Австралија, но сигурно и полека се враќа од повредата.

На интернет се појавија видеа на кои се гледа како шпанскиот тенисер на тениско игралиште тренира на земјена подлога.

Како што стојат работите, извори блиски до Надал, но и тој самиот потврдија дека тој планира да се врати на теренот кога ќе започне сезоната на земја.