Финскиот возач во Формула 1 Кими Раиконен, кој настапува за екипата Алфа Ромео, навести враќање на патеката за трката за Големата награда (ГН) на Русија, откако поради коронавирус ги пропушти последните две трки.
– Се чувствувам многу добро и се гледаме на следната трка, објави Раиконен на својот Инстаграм профил, најавувајќи враќање на патеката за ГН на Русија, која ќе се вози на 28 септември во Сочи.
Светскиот првак од 2007 годишна ги пропушти трките за ГН на Холандија и ГН на Италија, а го замени резервниот возач, Полјакот Роберт Кубица.
За 41-годишниот Раиконен ова е последна сезона во кариера, откако претходно овој месец финскиот возач најави збогување со Формула 1. На негово место во Алфа Ромео ќе дојде сонародник Валтери Ботас од Мерцедес.