Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија на ден 20 јули донесе одлука за стапување на сила на новиот Правилник за избор и работа на селекторите на државна репрезентација на КФРСМ; Правилникот за избор и работа на државните репрезентативни селекции на Македонија во карате спортот на КФРМ и Кодекс – правила на однесување на репрезентативците и официјалните лица на КФРМ. Ова предизвика многу реакции кај клубовите и тренерите, пишува порталот IPON.MK.
„До нашата редакција престигнуваат многу реакции од клубовите во нашата земја, притоа прв реагираше поранешниот селектор Сашко Арсовски, кој е тренер на најдобриот македонски каратист Емил Павлов и други освојувачи намедали, а денес ќе објавиме уште една. Реагираше и поранешниот репреземтативец Гоце Петров кој со Иво Цевтковски го предводат КК Автокоманда“ – пишува порталот.
Карате клубот Скопје на чело со поранешниот репрезентивец и освојувач на медал од ЕП за млади Горан Алексовски – Конти во реакцијата до КФРМ, односно неговите тела истакнува:
„Вложувам протест против Одлуката на ИО на КФРМ донесена на 20.07.2022 година во која се донесени два Правилника и еден Кодекс на однесување. Ова е последната од серија лоши одлуки во кој новото раководство (старо раководство) за кое го дадов својот глас, ја злоупотребува мојата дадена доверба. Работи спротивно од она за што претходно го негираа и против што се залагаа, ветувајќи дека ќе се заложат за доброто на сите клубови.
Правилникот за избор и работа на државните репрезентативни селекции на Македонија во карате спортот со својата содржина го посочува токму спротивното, а тоа е дека сите ние клубови кој во моментов не сме дел од структурите на КФРМ сме лаици и непознавачи на каратето, а само неколкумина од тесното раководство се предодредени да се китат и парично наградуваат. И селекторите да одлучуваат дали може некој спортист да биде дисциплиниран и да има ПРАВО НА ЖАЛБА после мечот, ПРОТЕСТИРАМ против ваквиот начин на работа, заслугите мора да одат во вистинските раце, кај оние кој најмногу придонеле за постигнување на врвни спортски резултати.
Сериозно сум загрижен за курсот по кој се работи во последно време во нашата федерација. Да потсетам, веднаш без образложение ја зголемивте котизацијата за државни првенства, европските првенства се на товар на клубовите, плаќате адвокатски трошоци за претходни грешки за кои ви е укажано дека не се по закон (и кој знае уште што има, бидејќи не ги известувате клубовите). Затоа ИНСИСТИРАМ да се вратите на вистинскиот курс веднаш да ја укинете последната уценувачка Одлука на КФРМ’“.
Горан во реакцијата потенцира:
„Во карате спортот сум уште малку 40 години и планирам да останам до крајот на животот, затоа што го сакам овој спорт во кој сум го вложил многу труд, пот и сиот мој авторитет. Па сакам да знаете дека кога некој ќе го загрози мојот авторитет, секогаш ќе реагирам вака јавно и се со цел да не биде доцна, па грешките да се претворат во последици .РЕАГИРАМ реагирајте и вие ова е наше заедничко .
Бидејќи, веќе имаме ново раководство не гледам причина се уште да се информираат бившите претседатели на КФРМ или да се даваат информации на сите досегашни претходни претседатели на КФРМ.
БАРАМ да се изземат сите бивши претседатели од нашите комуникации“.
ИЗВОР: IPON.MK