Ред Бул нема да дозволат на Даниел Рикардо да вози за идниот тим Рено за време на тестот на официјалниот снабдувач на гуми во Ф1 – Пирели, кој ќе се одржи по завршувањето на Гран При на Абу Даби. Овој тест е единствената можност за пилотите да стекнат малку искуство со своите нови тимови пред зимските тестови во Барселона во февруари.
Пред некои од пилотите – Шарл Леклер, кој го менува своето место со Кими Раиконен во Ферари, како и пред Пјер Гасли во Ред Бул и Џорџ Расел во Вилијамс нема да има пречки за тест-возења со своите нови тимови. Ред Бул, сепак, нема да му дозволи на Даниел Рикардо да ги започне своите тестови за Рено во оваа фаза, а Австралиецот ќе мора да почека до февруари за вистинска подготовка со болидот.
– Јас нема да можам да возам за Ред Бул, а тие не ми дозволуваат да возам и за Рено на тестот во Абу Даби. Не се лутам, ќе си земам одмор, изјави Рикардо.
Шефот на Ред Бул, Христијан Хорнер, вели дека Дани има одговорности до крајот на неговиот договор и мора да ги исполни.
Идниот пилот на Заубер и неговиот тимски колега Кими Раиконен, Антонио Џовинаци, пак ќе тестираат за „Пирели“ во Мексико, еден ден по трката. (МИА)