Македонските одбојкари го загубија првото либеро Костадин Ричлиев во почетниот сет од маратонскиот натпревар во саботата во Романија во групната фаза од Европската сребрена лига, а првичната дијагноза на повреденото рамо.
Селекторот Павличевиќ најверојатно треба да бара ново решение. Ангел Бошков го презеде товарот на гостувањето во Галаци во саботата, но за постабилен прием и за подобра одбрана в поле, на дебитантот во црвено-жолтиот дрес ќе му биде потребна помош од некој од поискусните.
Васе Михаилов се наметнува за логично решение иако се уште постои опција и Ричлиев да се најде во тимот за претстојниот двомеч со Албанија.
– По несреќниот пораз од Романија, мора да се вратиме напобеднички пат. Албанија ни е доста позната репрезентација, игравме две контролни средби со нив во Маврово, еднаш победивме, еднаш загубивме. Мислам дека треба да внимаваме на двајца играчи, на коректорот Ќафарена и на примачот Бакири кои ја прават разликата. Со добра подготовка ќе ги запреме и се надевам дека повторно ќе имаме убава атмосфера во екипата и дека ќе се радуваме на триумф, вели за ОФМ техничарот на македонската селекција Ѓорѓи Ѓорѓиев.
Средбата од Европската лига со Албанија ќе се игра в среда во Скопје.