петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Рикардо може да се врати во Ред Бул

Рикардо може да се врати во Ред Бул

Пилотот на Рено, Даниел Рикардо, не ја исклучува можноста да се врати во Ред Бул. Договорот на 30-годишникот со францускиот тим е за уште 1 година, а тој пристигна во Рено токму од Ред Бул.

– Нешто што научив од моето детство е дека никогаш не треба да го кажуваш никогаш. Не сме разговарале за тоа, но не можам да кажам дека нема да се вратам во Ред Бул, прокоментира пилотот.

За жал за фановите на моторните спортови, првите стартови во првата половина од годината беа откажани поради пандемијата од коронавирус.