Австралискиот возач на Алфа Таури, Даниел Рикиардо ќе ја пропушти претстојната трка во Формула 1 за Големата награда на Сингапур поради повреда на раката, пренесува„Скај спорт“.
Рикиардо се опоравува од операцијата откако ја скрши раката во несреќа за време на тренингот во Зандворт на 25. август пред трката за Големата награда на Холандија.
Новозеланѓанецот Лиам Лосон возеше наместо Рикиардо на Италијанското ГП во Монца. Британските медиуми потсетуваат дека Алфа Таури е сестринскиот тим на Ред Бул.
„Што се однесува до Сингапур, мислам дека нема шанси дотогаш да се опорави. Мислам дека би можеле да бидеме оптимисти за трката во Јапонија. Но, закрепнувањето оди добро, тој има подвижност на рацете и ќе оди на рехабилитација“, рече директорот на Ред Бул, Кристијан Хорнер.