Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Роџер Федерер нема да игра на следните два турнири од Мастерс серијата во Торонто и Синсинати.
Федерер ги откажа настапите на овие турнири поради повредата на коленото, а засега не е познато ниту дали ќе игра на последниот гранд-слам турнир во сезоната, Ју-Ес Опен.
Федерер последниот трофеј го освои во 2018 година на Австралијан опен, а од тогаш Новак Ѓоковиќ освои осум, додека Рафаел Надал освои четири големи трофеи