вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ролан Гарос и забрани на Серена Вилијамс да се натпреварува во црн костим

Ролан Гарос и забрани на Серена Вилијамс да се натпреварува во црн костим

Организаторите на Ролан Гарос соопштија дека на американската тенисерка Серена Вилијамс следната година нема да и доволат да настапи во црна спортска опрема доколку таа се пријави на францускиот Гренд слем.

Оваа година една од најдобрите тенисерки во светот ја изненади публиката во Париз кога се појави во нестандарден едноделен црн костим.

Претседателот на Француската тениска федерација, Бернар Гидисели, изјави дека тоа не е согласно дрес-кодот на турнирот и дека американската тенисерка претерала.

– Ова повеќе не е прифатливо. Мора да се почитува играта и овој турнир, истакна Гидисели.

Од друга страна Серена Вилијамс го нарече костимот „функционален“, а воедно се пошегува дека во него се чувствува како суперхерој.