Организаторите на вториот Гренд слем турнир во тенис Роланд Гарос, убедени се дека оваа година се ќе се одвива според планот и ќе биде со присуство на публика.
Турнирот минатата година беше организиран во октомври, а дневно во комплексот можеа да влезат само до 1000 луѓе.
Генералната директорка на тениската федерација на Франција, Амели Удеа-Кастера, истакна дека турнирот ќе биде одржан од 17 мај до 6 јуни, вклучувајќи ги и квалификациите.
„Нашата желба е во соработка со владата на Франција и почитување на сите препораки околу Ковид- 19, да го организираме Роланд Гарос според планираното и се тоа со најголемо можно присуство на публика, се разбира со дозвола на властите“, истакна Удеа.