сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Романката Симона Халеп позитивна на допинг-тест

Романката Симона Халеп позитивна на допинг-тест
На поранешната број 1 на светската ранг-листа во тенис, Симона Халеп (Романија) и се суспендирани натпреварувачките права поради позитивен допинг тест за забранетата супстанција „роксадустат“, пренесе Ројтерс.
Дисциплинската комисија на ИТФ објави дека двократната Грен слем шампионка била позитивен на УС Опен во септември, при што и примероците „А“ и „Б“ го потврдуваат присуството на супстанцијата.
„Симона Халеп, 31-годишната романска тенисерка, е суспендирана поради антидопинг прекршоци. По тестирањето на нејзините примероци „А“ и „Б“, присуството на ФГ-4592 (роксадустат), кој е на забранетиот список за 2022 година на Светската антидопинг агенција“, се вели во соопштението на ИТФ.