Рускиот тенисер Андреј Рубљов со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4 го освои турнирот во Дубаи.
Тенисер од Чешка, кој го совлада Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на турнирот, немаше сила за нова сензација, а тоа се забележа уште во првиот сет кога Рубљов направи брејк за 3-1, а потоа со сигурен сервис стигна до 6-3.
Рубљов направи брејк на стартот на вториот сет, но потоа Весели ја врати надежта во шестиот гем (3-3), сепак неговата радост не траеше долго затоа што Русинот со нов брејк до крајот на сетот стигна до 6-4.