Каспер Руд излезе како победник од полуфиналната пресметка против Марин Чилиќ која ја доби со 3-1 во сетови и на тој начин обезбеди влез во големото финале на Ролан Гарос што е негов најголем успех во кариерата.
-Играњето на финалето на Ролан Гарос против Рафаел Надал е веројатно најголемиот можен предизвик во овој спорт. Тој има 13-0 во финалињата, а јас ќе се обидам да го направам тоа што никој не го направил 13 пати. Звучи како невозможна мисија, јас ќе излезам и уживам, но сепак верувам дека можам, -вели Каспер кој се надева дека неговиот резултат ќе придонесе неизмерно значење за тенисот во неговата земја.
-Се надевам. Иако, не поминувам многу време во Норвешка. Затоа што многу патувам, па немам онолку време колку што би сакал. Но, се надевам дека можеме да изградиме многу тениски објекти во Норвешка и да направиме спортот да расте, -порача финалистот на Ролан Гарос.