19-годишниот дански тенисер, Холгер Руне ја оствари својата најголема победа во кариерата откако во финалето во Париз го совлада Новак Ѓоковиќ и ја освои својата прва мастерс титула.
Ѓоковиќ одлично го почна мечот и го доби првиот сет со 6-3, во тој момент ништо не наговестуваше дека ќе се случи изненадување. Но во вториот сет Руне ја крена играта, зема брејк и го доби сетот со 6-3.
Во третиот решавачки сет беше исклучително возбудливо, Руне имаше водство од 6-5 и сервираше за меч, во тој гејм Ѓоковиќ пропушти дури шест брејк топки за да изедначи и да го однесе сетот во тајбрејк.
Руне ја искористи својата втора меч топка и дојде до најголемата победа во својата кариера.