Данскиот тенисер беше воодушевен и разбирливо пресреќен за победата. Посебно за Руне беше што играше против својот идол од детството.
Руне и пред мечот со Ѓоковиќ потсети нивното заедничко селфи од пред неколку години кога тој бил среќен што имал прилика да се фотографира со еден од своите идоли. Големата среќа од победата не ја криеше и после победата.
„Честитки до Новак, тој ми беше идол од детството. Уште од дете ги гледав твоите дуели, па чест е сега да го делам овој момент со тебе. “, изјави Руне после триумфот.
Данецот кој во овој момент е 19-ти тенисер во АТП листата е тенисерот со најголем напредок на АТП во изминатата година, а од утре сигурно го чека и поголем скок