Холгер Руне е првиот финалист на АТП Мастерс турнирот во Рим, откако ја доби скандинавската пресметка со Каспер Руд (2-1).
Данецот покажа дека е во налет, па откако го исфрли и првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе се бори за трофејот на овој турнир.
Руд отвори добро, првиот сет беше целосно израмнет, па влезе во тај-брејк. Во него норвешкиот ас беше далеку посигурен, па со 7-2 дојде до предност во сетови (0-1). Дури и во вториот Руд направи брејк, меѓутоа потоа дозволи два и Руне дојде до израмнување со 6-4.
Одлучувачкиот сет беше и најкраток. Данскиот тенисер со два одземени гема на противнички сервис направи разлика и со 6-2 ја потврди победата.