среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Русија прв финалист во одбојкарското финале на Олимпијадата во Токио

Русија прв финалист во одбојкарското финале на Олимпијадата во Токио

Репрезентацијата на Русија обезбеди финале на машкиот турнир на Олимпијадата во Токио, откако утрово го совлада фаворизираниот Бразил со 3:1.

Бразилците добро го отворија мечот и го добија првиот сет со 25:18, но потоа Русите стапија на сцена и ги добија следните три сета со 25:21, 26:24 и 25:23.

Противник на Русија во финале ќе биде победникот од дуелот Франција – Аргентина закажан за денес со почеток во 14 часот.