понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Руските и белоруските атлетичари исфрлени од Дијамантската лига

Руските и белоруските атлетичари исфрлени од Дијамантската лига

Генералното собрание на Дијамантската лига на состанокот денеска во Белград донесе одлука на руските и белоруските атлетичари да им се забрани настап на серијата престижни митинзи поради инвазијата на Украина.

– Дијамантската лига ја прифати препорака на Одборот за исклучување на руските и белоруските спортисти од митинзите на Дијамантската лига во догледна иднина, се наведува во соопштението.

Атлетичарите од Русија и Белорусија, исто така, се исклучени и од настап на Светското првенство во сала, кое денеска започнува во Белград.

На Светското првенство од македонските атлетичари ќе настапи Јован Стојоски во трката на 400 метри.