петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Руските и белоруските пливачи се враќаат на меѓународните натпреварувања

Руските и белоруските пливачи се враќаат на меѓународните натпреварувања

Меѓународната пливачка федерација повторно ќе им дозволи на руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат, но со статус на неутрални учесници.

По опсежни консултации, Светската пливачка федерација донесе серија „строги критериуми“ за учество на руските и белоруските спортисти на меѓународната сцена.

Правилата, кој ги состави независна работна група, вклучуваат забрана за активна поддршка на руската инвазија врз Украина, настап без национални обележја и интонирање химни, како и строги мерки против допинг.

Покрај ова, одлучено е дека по само еден спортист во дисциплина од Русија и Белорусија ќе може да настапи на светските натпреварувања во водени спортови во организација на Меѓународната пливачка федерација.