Руските и белоруските спортисти ќе имаат право да настапат на Зимските параолимписки игри, кои в петок ќе бидат отворени во Пекинг, и покрај бројните апели да им биде забрането учеството, соопшти денеска Меѓународниот олимписки комитет (IPC).
Спортистите од двете земји ќе настапат под неутрално име, ќе се натпреваруваат под параолимпиското знаме, а освоените медали нема да бидат официјално евидентирани на табелата на освоени одличја, објави IPC на својата интернет страница.
Русија и Белорусија се под санкции на бројни спортски федерации поради руската инвазија на Украина.