Русија има силна таеквондо репрезентација – сите четворица нејзини претставници освоија медали на Олимписките игри во Токио, вклучувајќи и две злата.
Украина немаше ниту еден таеквондо претставник во Токио.Руските спортисти следниот месец ќе можат да учествуваат на Светското првенство во таеквондо, објави чадорната организацијата на тој спорт.
Оваа одлука може да доведе до тоа Украина да ја исполни заканата на нејзината влада за бојкот на спортски натпревари во кои учествуваат спортисти од Русија или Белорусија.
Светските таеквондо лидери денеска од далечина зборуваа за предлогот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) од минатата недела да им се дозволи на руските и белоруските спортисти да се вратат на меѓународните натпреварувања пред Олимпијадата во Париз во 2024 година.