петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Руските тенисери ќе играат на Австралија Опен

Руските тенисери ќе играат на Австралија Опен

На руските тенисерки и тенисери им е дозволено да се натпреваруваат на првиот Грен слем турнир во 2023 година, под услов да бидат неутрални спортисти и без обележјата на својата земја.

Данил Медведев и Андреј Рублев доаѓаат во Мелбурн како седми и осми носители на турнирот, но покрај нивните имиња нема да има руско знаме. Не само знамињата, не смеат ни да наведат дека доаѓаат од Русија, бидејќи услов за настап е да се појават на турнирот како неутрални спортисти, а се верува дека така ќе играат и на Вимблдон.

Карен Хачанов, Аслан Карацев и Роман Сифујулин се најдоа во ждрепката и тие ќе бидат учесници под истите услови. Застапени се дури единаесет тенисерки, предводени од Касаткина и Кудерметова, Александрова, Самсонова, Пављученкова, Потапова, Калинскаја, Родина, Блинкова, Рахимова и Грачева.

Во ждрепката под истите услови ќе бидат вклучени и Белорусите. Почетокот на Австралија опен е закажан за 16 јануари и ќе трае до 29 јануари.