четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Руските тенисери се враќат на Вимболдон

Руските тенисери се враќат на Вимболдон

Отвореното тениско првенство Вимблдон ќе дозволи учество на руски и белоруски тенисери кои минатата година беа казнети за воената операција во Украина.

Со оглед на тоа што Вимблдон во меѓувреме остана „сам“ во казнувањето на руските и белоруските тенисери, се очекува многу брзо одлуката да биде сменета и Медведев, Сабаленка, Рубљев и останатите да можат непречено да го играат „зелениот Грен слем“. .

„Дејли мејл“ пренесува дека тенисерите од Русија и Белорусија веќе се информирани за веста и веќе им е кажано дека наместо тоа ќе бидат воведени строги правила. Тие ќе се натпреваруваат под неутрално знаме, а ќе бидат исфрлени од турнирот без никакво право на жалба доколку на било кој начин ја поддржат војната во Украина.