Белорусинката Арина Сабаленка триумфираше на турнирот од серијата 500 во Аделаида, Австралија. Откако не освои трофеј во 2022 година, Сабаленка ја освои првата титула во 2023 година веќе во првата недела. Таа стигна до својата единаесетта титула на ВТА турнирите, а прва по мај 2021 година кога славеше во Мадрид.
Сабаленка победи против Носкова, која стигна до своето прво финале од квалификациите, по еден час и 43 минути и така го заврши овој турнир без загубен сет (6-3, 7-6/4).
Ова е третпат Сабаленка да ја освои титулата во првата недела од сезоната, откако успеа да го стори истото во 2019 година во Шенжен и во 2021 година во Абу Даби.