Гауф во првото полуфинале на грен – слем турнирот во Њујорк синоќа ја совлада чешката тенисерка Каролина Мухова со 2-0 во сетови (6-4, 7-5), а потоа Сабаленка спречи американско финале совладувајќи ја Медисон Кејс со 2-1 (0-6, 7-6, 7-6).
Сабаленка избори финале во Њујорк по два последователни порази во полуфиналните дуели, од Лејла Фернандез во 2021, и лани од Ига Швјонтек.
Белорусинката ќе има можност да ја освои втората грен – слем титула оваа сезона, откако ја почна годината со триумф на Австралија Опен.
За 19-годишната Гауф ова ќе биде прво грен – слем финале во кариерата.