ГН на Велика Британија донесе многу возбуда, трката почна со драма, Жу излета уште во првиот свиок, неговиот болид се преврте и на крајот се заглави помеѓу мрежата и заштитната ограда, па беа покажани црвени знамиња.
Ре-стартот донесе жестока битка помеѓу Саинц и Верстапен, Шпанецот во прв момент одолеа на нападите но во 10. круг направи грешка и Холанѓанецот изби на чело.
Сепак, два круга подоцна Верстапен пријави дупната гума, па Саинц се врати во водство а Холанѓанецот мораше во бокс.
Тимската стратегија потоа замеша прсти, па Саинц без борба мораше да го пушти Шарл Леклер но среќата му се насмевна на Шпанецот во финишот. Излезе безбедносното возило, Шарл Леклер остана на патеката, сите останати влегоа во бокс по нови гуми, па следеше нова битка за врвот.
Веднаш штом се тргна безбедносното возило, Карлос Сианц го претекна својот тимски колега, во прилог му беше и тоа што Леклар водеше пеколна битка со Серхио Перез и Луис Хамилтон и на крајот без многу проблеми стигна до својата прва победа во кариерата.
Серхио Перез финишираше како втор, а последното место на пиедесталот му припадна на Луис Хамилтон.
Потоа следеа Шарл Леклер, Фернандо Алонсо, Ландо Норис, Макс Верстапен, Мик Шумахер, Себастијан Фетел и Кевин Магнусен.
Мик Шумахер исто така долго ќе ја памети оваа трка откако ги освои своите први бодови во Формула 1.