Возачот на Ферари, Карлос Саинс, верува дека неговиот тим добива повеќе критики од другите. Италијанскиот тим направи голем број грешки во тековната сезона и затоа често беше критикуван.
Многумина сметаат дека Ферари е тимот што се победи себеси оваа година, но Саинс не мисли така.
„Многу е тешко да се зборува за тоа кога требаше да бидеме посмели и кога требаше да бидеме повнимателни. Мислам дека треба да ја анализирате секоја ситуација посебно и тогаш секој заклучок би бил поинаков. Сметам дека сè се врти околу константниот напредок и пронаоѓањето начини да се донесат правилни одлуки во вистински моменти“, вели Шпанецот.
„Многупати ја направивме вистинската работа и никој не ни рече: „Ја направивте вистинската работа“ или да ни честита, но кога имаше две или три грешки, да речеме, тогаш добивавме големи критики“, рече 28-годишниот возач.
„Мислам дека не е фер кон Ферари. Кога бев во Мекларен, Торо Росо или Рено, кога се правеа грешки во стратегијата, никој не покажуваше со прст кон нас, како што се случува во Ферари“.
Саинс годинава триумфира само во Велика Британија, а на подиумот беше вкупно седумпати.