Победата на возачот на Ферари, Себастијан Фетел, во Бахреин остана во сенка на инцидентот во кој Кими Раиконен го повреди механичарот Франческо Сигарини во пит-стопот на Ферари.
Тој веднаш беше префрлен во болница и со оперирација и му беше санирана двојната скршеница на левата потколеница.
Сигарини ден по несреќата изјави дека се чувствува добро и среќен е што Ферари сепак победи.
– Операцијата помина во ред. Им благодарам на сите кои се грижеа за мене. Ништо повеќе, само големо благодарам, напиша на Инстаграм механичарот на Ферари.
Тој во следните неколку дена ќе биде транспортиран од Бахреин во Италија, каде ќе продолжи со лекувањето.
МИА