Поранашната најдобра светска тенисерка, Серена Вилијамс го откажа настапот на првиот Грен Слем турнир Австралија опен.
Американката минатата недела го одигра првиот меч по породувањето во септември и загуби од Јелена Остапенко во Абу Даби.
– Сметам дека не сум уште доволно добро подготвена, изјави 36-годишната Вилијамс која е актуела шампионка на овој турнир.
Вилијамс има вкупно 23 титули на Гренд слем турнирите.
Ова е втор отказ на годишнашниов турнир „Австралија опен“ откако претходно учеството го откажа Енди Мареј. Турнирот ќе се игра од 15 до 28.јануари.