вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Серена Вилијамс го откажа настапот на Австралија Опен

Серена Вилијамс го откажа настапот на Австралија Опен

Седумкратната тениска шампионка во сингл за жени, Серена Вилијамс, нема да се натпреварува на Отвореното тениско првенство во Мелбурн во јануари „по совет од нејзиниот лекарски тим“.

– Следејќи го советот од мојот медицински тим, одлучив да се повлечам од овогодинешното натпреварување на Австралија Опен. Ова не е лесна одлука за да се донесе, но, јас не сум на нивото на кое што треба да бидам за да се натпреварувам, изјави Вилијамс.

Таа вели дека Мелбурн е нејзиното омилено за посета и со нетрпение очекува да игра повторно таму.

– Ќе ми недостига да ги гледам навивачите, но возбудена сум што ќе се вратам и ќе се натпреварувам на моето највисоко ниво, вели Вилијамс.

Тенисерката со дури 23 трофеи од најголемите тениски турнири последниот меч го одигра изминатото лето на „Вимблдон“, каде што уште во првиот сет го предаде мечот против Белорусинката Александра Шашнович.