недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Серена Вилијамс го откажа настапот на УС Опен

Серена Вилијамс го откажа настапот на УС Опен

Американската тенисерка Серена Вилијамс објави денеска дека не успеала навреме да закрепне од повредата на препоните и поради тоа е принудена да го откаже настапот на грен-слем турнирот УС Опен што започнува идната недела.

– По внимателно разгледување и слушање на препораките од докторот и медицинскиот тим, донесов одлука да се повлечам од УС Опен за да му дозволам на моето тело во целост да се рехабилитира од повредата на препоните, објави 39-годишната Серена Вилијамс.

Американската тенисерка, која досега во кариерата освои 23 грен-слем титули, поради повредата мораше да го предаде дуелот од првото коло на Вимблдон против Белорусинката Алиаксандра Саснович.