вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Серена Вилијамс го продолжи одморот, нема да настапи ни во Рим

Серена Вилијамс го продолжи одморот, нема да настапи ни во Рим

Американската тенисерка Серена Вилијамс соопшти дека нема да настапи на турнирот во Рим, кој ќе се игра од следната седмица.

Вилијамс, која беше на породилно отсуство од јануари 2017 година, се врати на терен оваа година и досега настапи во Мајами и во Индијан Велс.

Американката турнирот во Рим го има освоено четири пати.

Претходно Серена се повлече и од Мастерсот во Мадрид.

МИА