Освојувачката на 23 грен слем титули, Американата Серена Вилијамс потврди дека ќе учествува на Австралија Опен кој ќе се игра во јануари следната година.
Вилијамс своето учество на грен слем турнирот во Мелбурн го најави за време на гостувањето во шоу емисијата кај Џими Кимел.
– Да, одличив да се борам за титулата во Австралија – изјави Серена Вилијамс која се повреди на Вимболдон и оттогаш не настапува на тениските турнири.
– Сега ми е многу подобро. Имав впечаток дека повредата траеше вечно, но сега се е ок. Сакам да играм на трева, сакам да настапувам на Вимблдон во бела опрема на зелена трева. Тоа е посебно чувство, но работите не одеа толку добро за мене оваа година – изјави Вилијамс.