Американската тенисерка Серена Вилијамс, која доживеа дебакл на Вимблдон, многу веројатно ќе настапи на турнирот во Торонто кој започнува на осми август.
Серена се пријави за турнирот, кој е една од подготовките за УС Опен, иако по Грен слемот во Лондон сакаше да зборува за своите понатамошни планови. Искусната тенисерка по една година пауза настапи на Вимблдон и загуби од Хармони Тан уште во првото коло.
„Кога играте дома, особено во Њујорк и на УС Опен, каде што ја освоив првата голема титула, секогаш е посебно. Има мотив да се подобрам и да играм дома“, изјави Серена.
Првата од 23-те Грен слем титули Серена ја освои во 1999 година во Њујорк. Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави започнува на 29 август.