петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Серхио Перез победи на трката за ГН на Азербејџан

Серхио Перез победи на трката за ГН на Азербејџан

Серхио Перез го искористи лошиот ден на својот колега Макс Верстапен и славеше на трката во Азербејџан.

Холанѓанецот на четири круга до крајот остана без пласман, кога пукна неговиот пневматик и  остане без бодови.

Тоа можеше да го искористи Луис Хамилтон, но на повторениот старт на еден круг до крајот, Британецот направи апсурдна грешка и излета во првиот завој и остана без бодови.

Возачите на Ред Бул доминираа во текот на цела трка. Инцидентот со Строл донесе прв влез на безбедносното возило, кое повторно се појави на патеката на крајот, кога Верстапен на несреќен начин ја заврши трката.

Второто место му припадна на денес одличниот Себастијан Фетел, а последното место на пиедесталот го доби Пјер Гасли.

Верстапен ја задржа предноста пред Хамилтон на врвот во генералниот пласман. Следната трка е наредната недела и ќе се вози во Канада.