четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Шаповалов елиминиран на Ролан Гарос, Медведев сигурен и се пласира во второто коло

Шаповалов елиминиран на Ролан Гарос, Медведев сигурен и се пласира во второто коло

Вториот светски рекет Данил Медведев без многу проблеми се пласираше во второто коло на Грен слемот во Париз.

Медведев за само сто минути со идентични 6-2 во сите три сета го елиминира 103. играч на светот, Аргентинецот Факундо Бањис. Следен противник на Медведев ќе биде српскиот тенисер Ласло Ѓере.

Воведните натпревари од првото коло ни донесоа и големо изненадување, откако Данскиот тинејџер Холгер Рун одигра неверојатен тенис против фаворизираниот Шаповалов и со победата од 3-0 во сетови обезбеди второ коло во Париз.