четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Шаповалов пред дуелот со Ѓоковиќ: Се е возможно, верувам во себе

Шаповалов пред дуелот со Ѓоковиќ: Се е возможно, верувам во себе

Денис Шаповалов со влезот во полуфиналето на Вимблдон дојде до најдобриот резултат во кариерата кога се во прашање грен слем турнирите.

Канаѓанецот славеше над Карен Хачанов со 6:4, 3:6, 5:7, 6:1, 6:4 и сега ќе има можност да се соочи со најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ.

-Многупати си помислив дека Карен игра премногу добро, но навивачите ме задржаа во игра. Им благодарам. Беше исклучително тешко, особено кога промашив три врзани брејк поени во петтиот сет. Среќата беше малку на моја страна… Карен имаше фантастичен турнир, двајцата заслуживме да победиме, -истакна Шаповалов кој даде краток коментар за полуфиналето против Ноле кого досега го нема победено на турнирите (6-0).

-Тој е најдобриот тенисер на светот, но мислам дека сè е можно. Првото нешто што ќе го видите на семафорот е 0:0. Ништо друго не е важно. Тоа е тениски меч, секој може да го добие. Јас верувам во себе, -заврши Денис.