Поранешната прва светска тенисерка Марија Шарапова, изјави дека ќе учествува турнир во Сан Хозе, САД.
Петкратната освојувачка на Гренд слем титули е подготвена да игра на ВТА турнирот во Калифорнија кој е со награден фонд од 800 илјади долари, а ќе се одржи од 30 јули до 5 август.
Мечевите за прв пат ќе се играат на тврда подлога на терените на Универзитетот во Сан Хозе, заменувајќи го турнирот во Стенфорд, на кој Шарапова стигна до финалето во 2010 година. (МИА)