петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Шелтон го освои Токио за прва титула во кариерата

Шелтон го освои Токио за прва титула во кариерата

Американскиот тенисер Бен Шелтон триумфираше на АТП турнирот во Токио, совладувајќи го во денешното финале Русинот Аслан Карачев со 7-5, 6-1.

За 21-годишниот Шелтон ова беше прво АТП финале и прв освоен трофеј во кариерата. Триумфот на турнирот во јапонската престолнина ќе му донесе и напредок од 14. место на АТП листата на утрешното ново рангирање.

Поразениот Карачев петти пат играше АТП финале и остана на титулите од Дубаи и Москва, и двете во 2021 година, и лани во Сиднеј.

Триесетгодишниот руски тенисер беше полуфиналист на Австралија опен во 2021, а го освои среброто во мешани двојки на Олимписките игри 2021 во Токио.  (МИА)