Норвешката биатлонистка Сјуневе Сулемдал објави завршување на професионалната кариера.
– Презадоволна сум од тоа што го постигнав. Сега мило ми е што решив да си заминам, иако е многу емотивно. На есен ќе бидам студент со полно работно време. Јас едвај чекам да учам, отсекогаш бил мој сон.
Главниот момент на мојата кариера е златото на Светското првенство во Осло 2016 година. Беше совршен ден. Таа сезона ниту еднаш не се искачив на подиумот пред Светското првенство, изјави Норвежанката.
Сулемдал (31) е шесткратен светски шампион, има и бронзен медал на Светското првенство (сите во штафетни трки), победничка и медалистка на Светскиот куп во лични и штафетни трки.